Нови претставки против Вангеловски и против уште 17 судии

by fokus

Здружението „Зелена лупа“  поднесе втора претставка против претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски до Советот за утврдување на фактите. Од Здружението најавуваат трета кривична пријава против него во врска со предметот во кој што обвинет е бизнисменот Сеад Кочан. Кривична пријава ќе биде поднесена и против поранешниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

-Имаат направено тешка злоупотреба на кривичниот закон. Зврлевски со тоа што неовластен поднесува барање за законитост до Врховен суд, иако овластен за овој предмет беше СЈО. Во овој случај Јово Вангеловски го прифаќа и го враќа случајот на повторно одлучување. За тоа време Кочан е во бегство, а по одлуката се враќа и се брани од слобода – изјавија од здружението.

Здружението денеска поднесе иницијативи против вкупно 18 судии од Кривичниот суд, Апелацискиот суд и од Врховниот суд. Петмина во врска со случајот за Сеад Кочан.

-Првата е Рахилка Стојковска за која за прв пат поднесуваме иницијатива, другиот е Џемаил Саити ова е втора иницијатива и има веќе  поднесена кривична пријава, третиот е Ристо Катавеновски ова е исто втора иницијатива  и веќе имаме поднесена кривична пријава и како и за Фаик Арслани со втора иницијатива и кривична пријава и четврто Јово Вангеловски ова е исто така втора иницијатива и веќе имаме  кривична пријава – изјави Васко Тодоровски – Зелена лупа.

За останатите судии за кои е поднесена иницијатива се судиите за случајот наречен „Музеј“ или „Артефакти“. Против дел од судиите, информираа од здружението, се подготвуваат кривични пријави за прекршување на овластувањата поради тоа што на некои од осудените им се судеше за застарени дела.

Иницијативите се за несовесно работење и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Поврзани новости