Премиерот Заев и министрите не одат со службени возила на митинзи

by Fokus

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не ги користат службените возила за време на предизборната кампања за локалните избори, со што информациите што се објавуваат се лажни и неточни, реагираат од Владата.

„Премиерот Зоран Заев, како и сите други министри во владата, на сите партиски активности учествуваат исклучиво по завршување на работните обврски во своите кабинети и не ги користат ресурсите на Владата за овој вид активности. Потенцираме дека во текот на вчерашната посета на Ресен, Битола и Демир Хисар премиерот Зоран Заев користеше приватно возило. Владата ги повика органите на државната управа да ги преземат сите законски мерки за да се гарантира избирачкото право на сите граѓани“, се наведува во соопштението на Владата.

Владата донесе Декларација за заложби за слободни и фер избори, а усвоивме и дистрибуиравме прецизно Упатство за начинот на постапување на премиерот, министирте во владата, и сите останати државни функционери за забрана за користење на државни ресурси, возила, опрема и останато, за време на изборна кампања.

Поврзани новости