440
Две лица, татко и син, се потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа откако „сеат ибица“ удрила во нивниот трактор на регионалниот пат Пехчево – Делчево кај месноста Стамарески преод.
И двете возила се движеле во иста насока, од Пехчево кон Делчево. На тракторот се превезувало семејството на повредениот 49-годишен В.Ц.: неговиот син, татко и сопруга. „Ибицата“ со делчевски регистарски таблички, пак, ја управувал 22-годишен М.Д.
„Возилото се удрило во тракторот и од несреќата со повреди завршиле возачот на тракторот и неговиот син, при што веднаш им е укажана прва помош и со возило на Итна медицинска служба во Делчево се однесени во Клиничка болница Штип“, велат од СВР Штип.