Никола Груевски на овие избори се бори и против својата партија

by fokus

„Никола Груевски се бори и против својата партија“, вака српските медиуми пишуваат за почетокот на изборната кампања во Македонија за престојните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повторно ќе ги вкрстат копјата, но овој пат со раздорот кој изникна кај десничарите со појавата на реформаторите, Груевски изгледа ќе се бори на два фронта.

Крилото кое бара реформи во ВМРО-ДПМНЕ веќе објави ѕид на срамот на кој стави функционери на партијата кои им вршеле притисоци. Според нив речиси 50 отсто од членството се залага за реформи. Некои кругови во партијата бараат и оставка од Груевски.

Против Груевски се свртеа и симпатизирите кои го поддржаа упадот во Собранието на 27. април. Уапсениот Игор Југ преку социјалните мрежи му се закани на претседателот на партијата дека ќе му се одмазди затоа што бил предаден.

Се очекува оваа изборна трка да биде пожестока од претходните, нејзиниот исход ќе биде одлучувачки дали ќе има предвремени парламентарни избори, по што би започнала уште една битка за власт во земјата. Освен тоа се очекуваат пресврти на локално ниво каде со поголем дел од општините владее ВМРО-ДПМНЕ, но изгледа ќе биде пресудна и за иднината на партијата.

Поврзани новости