Театарската режисерка Зоја Бузалковска која си поднесе оставка од Советот за култура по скандалот со доделување средства од Министерството за култура, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека изјавата на министерот за култура дека повторно ќе се разгледаат проектите кои биле одбиени, е само обид да се замолчат оние кои се побуниле.
-Она што не ми се допадна е дека додатно ќе се разгледаат оние проекти што не поминале. Мене ме интересира дали проектите кои поминале имале целосна документација. И затоа мислам дека треба се направи ревизија на целокупната програма. Мене ова ми личи: ајде на овие што кренаа галама да им дадеме по едно стотче, и на тој начин да им ја затвориме устата и да си ја реализираме програмата. Проблемот е што нема систем. Јас не гледам департизација на културата, рече Бузалковска.