Бузаку со ултиматум до Реџепи: Повлечи се или Македонија ќе се чуди од твоите криминали!

by Фокус

Скендер Бузаку денеска му постави ултиматум на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејмани Реџепи да си замине од ИВЗ во рок од 72 часа, или во спротивно, најави тој, ќе објавел докази и факти за криминални активности на Реџепи.

-Денеска сме пред вратите на ИВЗ узурпирана од Сулејман Реџепи правно од 2011, а од 2019 и реално. Тука сакам да пренесам две куси пораки. Со првата ги повикуваме сите професори, теолози, оџи кои биле протерани од страна на Сулејман Реџепи, во иднина тие ќе бидат вклучени, но и сите други кои се внатре, а кои немаат криминал им даваме збор дека никој нема да загуби работно место, само ќе ги унапредиме и ќе создаваме подобри услови за работа. Втората порака е до Сулејман Реџепи да ја ослободи ИВЗ за 72 часа, му даваме 72 часа, ако не даде оставка, ако не сака да се повлече од ИВЗ тогаш ние имаме страшни докази и факти за кои ќе се чуди цела Македонија – рече Бузаку.

Пред седиштето на ИВЗ има засилено полициско обезбедување, а Бузаку постави часовник со кој се одбројуваат 72-та часа, што тој му ги поставува на Реџепи.

Поврзани новости