388
По распнувањето во грчките медиуми откако изјави дека солунскиот аеродром „Македонија“ може да се преименува во Никос Галис, солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска се повлече и изјави дека тој никогаш не предложил промена на името на аеродромот и дека изјвите му биле погрешно протолкувани.
-Одеднаш, утрово ми се јавуваат од ‘Скај’, јас спиев и ме збунија. Не побарав никогаш промена на името Македонија. За Никос Галис, што беше споменато, ме праша една госпоѓа од ‘Скај’, не и го помнам името, кога би се предложило менување на името, што би предложил и нормално јас реков Никос Галис“, ја пренесе МИА изјавата на Бутарис.