Марјан Цветковски реизбран за директор на МРТ

by fokus

Актуелниот директор на МРТ, Марјан Цветковски, е реизбран на оваа функција, откако стариот Програмски совет, чиј мандат истекува кон крајот на годината, на 26 јануари распиша конкурс за нов директор, објави порталот Актуелно.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава, но конкурсот беше распишан пред истекот на мандатот и пред да се донесе новиот Закон за медиуми, кој е во  процедура.

 Функцијата генерален директор ја извршува од 2012 година. Тој сега доби уште три години мандат.

Поврзани новости