ДУИ ги негира тврдењата на претседателот Ѓорѓе Иванов за австриски „Винер цајтунг“ дека еден телефонски повик бил причина да не се случи коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
– Првин, ги негираме овие наводи, станува збор за клевети. Ниту еден фактор од надвор не влијаеше врз одлуката на ДУИ. Нашата одлука беше консензуална и внатрепартиска токму во моментот кога констатиравме дека коалицирањето со ВМРО не ги исполнува нашите очекувања во оваа констелација. Така што уште еднаш ќе ги отфрлам овие клевети кои Иванов ги користи за дневна политика. Ние сметаме дека политичките партии треба да го почитуваат потпишаниот договор во Скопје и во интерес на граѓаните е да излеземе од кризата што поскоро – изјави Бујар Османи, портпарол на ДУИ, за Алсат М.