Бухова: Во тек се уште девет нови вонредни инспекциски надзори на болниците

by fokus

Дел од вонредните инспекциските надзори на болниците се завршени и веќе се иницирани стручни надзори во Министерството за здравство. Постапката тече. Во Битола заврши за 24 часа, во Штип за 48 часа од аспект на постапка на ДСЗИ. Во тек се девет нови вонредни инспекциски надзори. Тоа е процес кој е во динамика, како ние ги завршуваме, така иницираме вонредни стручни надзори. Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова.

На новинарско прашање за помладите пациенти кои ја изгубија битката со Ковид-19, Бухова – Сотирова напомена дека ДСЗИ спроведува вонредни инспекцикси надзори за сите помлади пациенти кои за жал ја загубија битката со вирусот.

– Тоа е динамичен процес. Инспекциските надзори кои веќе се завршени, во истиот момент се иницира вонреден стручен надзор, кој го иницираме до МЗ. И кога ќе биде завршен, или МЗ или ДСЗИ ќе ја информира јавноста, рече Бухова – Сотирова.

Потенцира дека во ДСЗИ во тек се уште девет вонредни нови инспекциски надзори.

За инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Битола, Бухова – Сотирова појасни дека ДСЗИ со решение ја задолжи директорката на болницата во Битола да обезбеди соодветна просторија т.н. морга која ќе одговара на новонастанатите услови.

Прашана за протоколот на погребување на починатите од Ковид-19, Бухова – Сотирова рече дека никогаш не било наведено дека тие мора да бидат погребувани во лимени сандаци. Појасни дека по ова ДСЗИ нема ингеренции да постапува. По Законот за погребални услуги, кој е во ингеренции на Министерството за транспорт и врски, постапуваат други институции.

Поврзани новости