833
Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал едно решение за самоизолација, по пристигната епидемиолошка анкета спроведена за лицата кои биле во контакт со министерот за внатрешени работи Оливер Спасовски, кој пред два дена објави дека е позитивен на корона вирусот.
– Од епидемиолошката анкета со министерот Спасовски, оценето е дека само за едно лице постои ризик од среден, односно од висок степен на загрозеност, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Бухова Сотирова на прес-конференција во Владата.