Јеромонах од Кочани почина од комликации од Ковид-19

by fokus

Јеромонахот Прохор од Цетинскиот манастир, кој е во ингеренции на СПЦ, пред пет дена починал од компликации од корона вирус.

Според соопштението од Црногорско—приморската митрополија, отец Прохор Јосифов (43), починал по кратко и тешко боледување предизвикано од инфекција на Ковид-19.

Отец Прохор е по потекло од Македонија, а во Цетинскиот манастир бил замонашен на 29 октомври 2010 година.
Роден е во Кочани, крстен со името Душан. Богословија завршил во Скопје, каде и студирал на Богословскиот факултет. Како ѓакон бил ракоположен во Брегалничката Митрополија.

Последните години во Цетинскиот манастир ја извршувал должноста економ на манастирот, како и манастирски свештенослужител, пренесува Религија.мк.

Вики Клинчарова

Поврзани новости