Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница ги имал сите симптоми на коронавирус, најавувајќи дека ќе се прави постмортен тест.
-Пациентот утринава донесен е во Ковид амбулантата на Инфективното одделение во градската општа болница Струмица во придружба на две лица. При првичниот преглед константирано е дека се работи за гојазност, висок притисок, висока гликемија и од првите добиени анализи измерена сатурација 50 отсто , што значи висока суспекција за инфекција со Ковид, но бидејќи ситуацијата налагала ургентна дијагностичка и терапевтска постапка екипата пристапила кон истата и немало време за бриз кој би ја докажал оваа дијагноза – рече Сотирова Бухова на Сител.