Бухова: Конфекциите во Штип каде има заразени не работат, туку им се земаат брисеви на вработените

by Frosina Fakova

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова на прес-конференција соопшти дека Инспекторатот будно ги следи кластерите со заразени во штипските конфекции и во одредени правни субјекти во Тетово.

Таа соопшти дека во Штип, Инспекторатот издал 55 решенија на лица инфицирани со ковид-19 и 169 решенија за здравствен надзор и изолација.

Во Тетово биле издадени осум решенија на лица позитивни на ковид 19 и 54 решенија за изолација и досега биле направени 70 теста од вкупно планирани 150.

Таа најостро ја демантираше информацијата којашто кружи дека конфекциите во Штип каде што има заразени се уште работат.

-Таму се присутни инспкетори од ДЗСИ. Во просториите на овие конфекции се врши тестирање, се земаат брисеви на вработени и присуството е на таа основа. Апелирам до лицата исклучително да се придржуваат кон препоркаите и да не ги напуштаат домовите и и го повикувам МВР да ги контролира, рече Бухова.

 

Поврзани новости