913
Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ќе остане во самоизолација до истекот на 14 дена од денот кога го добил решението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова.
„Протоколот за лекување на ковид-позитивни лица кои со решение се на домашно лекување е дека не може да се прекине постапката, се до извршување на решението. Тоа значи дека лицето кое има позитивен резултат на Ковид и е на домашно лекување, останува таму до истекот на 14-от ден, кога ќе почне процес на тестирање за да се утврди дали е позитивен или негативен“,- додаде Бухова.