По налог на бугарскиот премиер Кирил Петков тамошното министерство за внатрешни работи ќе проверува каде се вакцинирале сите починати од ковид-19 кои имале потврда за вакцинација.
Петков конкретно му наложил на министерот за внатрешни работи Бојко Рашков да ги истражи сите такви случаи.
-Се надеваме дека побрзо ќе ги фатиме тие што издаваат лажни сертификати за вакцинација, рече Петков.
Петков не соопшти дали владата во Софија ќе донесе нови рестриктивни мерки во исчекување на зголемен број инфекции со сојот омикрон во земјата.
Пред почетокот на новата година владата донесе неколку мерки за да ја поттикне вакцинацијата која во земјата е на многу ниско ниво.
-Првата мерка е додаток од 75 лева за пензионерите и се надевам дека оваа стимулација ќе ги натера луѓето да се вакцинираат. Втората мерка е информативната кампања која веќе започна во декември. Вакцината не е експериментална, нема ризик. Секој има одговорност да се вакцинира за да не завршиме со карнатин. Третата мерка е информираноста на матичните лекари за тоа кои ранливи групи со хронични заболувања може да се вакцинираат, рече Петков.