Бугарските студенти, кои во 2013 година ги окупираа универзитетите барајќи оставка од владата поради сомненијата дека нејзини високи претставници соработуваат со мафијата, преку писмо испратија поддршка за македонските студенти, кои веќе втор ден под окупација држат неколку факултети.
„Ние сме солидарни со вашата борба за автономија на универзитетите и учеството во креирањето на новиот закон за високо образование. Вие барате универзитетите да бидат бастион на критичната мисла. Со окупацијата вие веќе направивте огромен скок кон таа цел. Вие не само што ги ослободувате универзитетите туку и општеството. Вашата борба е пример. Бидете единствени. Вие имате ваша политика а политиката бара решенија. Идеите за тие решенија често ги разделуваат луѓето но не дозволувајте да се делите на табори. Најважно е да се обединети. Ќе ве победат само ако ве разделат“, се вели во писмото на бугарските студенти.
Тие на македонските студенти им порачаа дека окупацијата што ја направија ќе ја паметат цел живот.
„Вие сте веќе субјект на борбата. Власта се плаши од вас. Тоа што ќе го кажете и ќе го напишете денес има повеќе значење од порано. Ова се лекции кои бугарските студенти ги научивме пред неколку години. Кога храбрите ќе застанат напред за да ја заштитат слободата и автономијата на сите, наша задача е да бидеме солидарни. Бугарските студенти се со вас!“, велат студентите.