Бугарскиот универзитет влезе во Македонија, испочитувана ли е процедурата?

by fokus

На 14 септември, бугарскиот великотрновски универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ и официјално беше регистриран во Македонија, откако Централниот регистар го прифати неговото барање за регистрација.

Целосниот назив под кој е регистриран гласи: Великотрновски универзитет Св. св.Кирил и Методиј Велико Трново Бугарија, Подружница Свети Николе, Република Северна Македонија.

На ден 14.9.2022 година, во Регистарот на други правни лица е запишана ПОДРУЖНИЦА на странска високообразовна установа со назив Великотрновски универзитет Св. св.Кирил и Методиј Велико Трново Бугарија согласно член 25 од Законот за високото образование, велат од Централниот регистар, нагласувајќи дека станува збор за подружница.

„СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ И „СВ. СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ НЕ Е СЛИЧНО?

„Фокус“ уште лани пишуваше дека доколку се регистрира друг универзитет кој во називот содржи „Свети Кирил и Методиј“ тоа ќе биде спорно, бидејќи светите браќа се дел и од името на македонскиот државен универзитет „Свети Кирил и Методиј“, кој веќе ги има заштитено трговските марки УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ, како и УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО СКОПЈЕ.

Но, сега од Централниот регистар велат дека името „Св. св. Кирил и Методиј“, кое е дел од називот на странската високообразовна установа и која постои на територија на Република Бугарија, врши дејност на територија на Република Северна Македонија преку подружница во Свети Николе, која како составен дел го содржи и името на странската високообразовна установа.

Во конкретниот случај, не станува збор за употреба на исто или слично име со името на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ни одговорија на Централниот регистар на прашањето дали не е прекршен членот 39 од Законот за едношалтерски систем, според кој, треба да се провери и дали веќе постои правен субјект со исто име заведен во Регистарот.

 

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости