Фон дер Лајен: Украина, Македонија и Албанија ја имаат Европа во своите срца

by fokus

Поголемиот дел од напредокот на Украина во ЕУ реформите е постигнат затоа што народот ја има Европа во своите срца и своите умови. Истото важи и за нашите пријатели во Албанија, во Северна Македонија и низ Западен Балкан. Важи и за Молдавија и Грузија, кои исто така побараа да се приклучат на нашата Унија. Ветерот на промени дува низ нашиот континент, порача, меѓу другото претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен во нејзиниот говор на десеттиот „Athens democracy forum“, јави дописничката на МИА од Атина.

Детално говореше за демократијата и демократските вредности, истакнувајќи дека со рускиот напад врз Украина се води „војна на автократијата против демократијата“, но и изрази длабоко убедување дека „демократијата ќе надвладее“.

Рече дека сите демократии се „работа во тек, вклучително и внатрешноста на ЕУ, изградена врз ветувањето за единство во различноста“ и додаде дека сепак ова ветување не е целосно постигнато.

Говореше за четири приоритети на кои е потребно фокусирање: новите закани, повеќекратните кризи, обидите за нови граници и идните генерации.

За новите закани рече дека „воените бродови и војниците повеќе не се единственото оружје во рацете на странските автократи“, туку и дезинформациите, како и сајбер нападите, што „исто така се дел од нивната војна против демократијата“.

Поврзани новости