Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев во петок доаѓа во официјална посета на Македонија. Ќе го придружуваат двајца митрополити на Бугарската православна црква- Николај и Кипријан, објави телевизија Телма.
Како особено значајно се толкува присуството на светозагорскиот митрополит Кипријан кој е претседател на Синодската архиерејска комисија за преговори со македонската православна црква.
Оваа комисија беше формирана веднаш откако синодот на Бугрската православна црква одлучи да го прифати барањето да биде црква мајка на МПЦ.
Според митрополитот дебарско кичевски господин Тимотеј, за оваа посета синодот на македонската православна црква нема официјални сознанија. Сепак, доаѓањето на двајцата митрополити го толкува како добар знак и придвижување на работите.