И Шилегов ќе го продава мерцедесот од Коце, бил стар и небезбеден

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска најави дека планира да го продаде мерцедесот кој го наследи од неговиот претходник Коце Трајановски.

-Во план ми е да го продадам. Старо е 15 години, речиси небезбедно – рече Шилегов на брифинг со новинарите.

Според него, возилото не е функционално, старо е, небезбедно и ја загрозува животната средина. Возилото е произведено во 2003 година и има поминато 14.000 километри.

Поврзани новости