Бугарскиот главен обвинител Гешев нема да си поднесе оставка

by Fokus

Иван Гешев – главниот обвинител на Бугарија изјави дека нема да си поднесе оставка.

„Сум работел само и само за Бугарија и безбедноста на бугарските граѓани. Можеби грешев, можеби кажав нешто немерено, но се беше во интерес на народот“, рече Гешев кој напомена дека по пристигнувањето од САД бил повикан да поднесе оставка.

„Се спомна моето семејство и дека ако не го сторам тоа, некој ќе го притисне копчето ентер со некои работи, со некои видеа и затоа подобро да бидам внимателен, бидејќи животот продолжува“, порача Гешев.

Главниот обвинител рече дека пред еден месец добил понуда да стане амбасадор во Израел или Турција и да има политичка кариера. Тој изјави дека ја подготвил оставката, но потоа искина и ја фрли на под на денешната прес-конференција.

Ова доаѓа само неколку дена откако кандидатката на ГЕРБ-СДС за премиер на земјата, Марија Габриел, но шест членови од Високиот судски совет побараа негова предвремена смена.

Поврзани новости