Бугарскиот фудбалер Неделев опериран по сообраќајката- парчиња стакло му завршиле во главата

by fokus

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата при автобуската несреќа на бугарската фудбалска репрезентација во Тбилиси.

Несреќата, како што пренесуваат медиумите, се случи синоќа по пристигнувањето на бугарскиот национален тим во Тбилиси за неделниот натпревар меѓу Грузија и Бугарија во рамки на Лигата на нации.

Двата автобуси со кои бугарскиот национален тим се превезувал од аеродромот до хотелот, најверојатно поради несоодветна брзина на условите на патот се судриле во тунел.

Во несреќата тешко е повреден бугарскиот репрезентативец Неделев, кому поради парчиња стакло од скршениот автобуски прозорец итно му беше извршена операција на главата.

Неделев е вон животна опасност, а според лекарите на бугарскиот тим, ќе остане во болница во следните седум денови.

Бугарската фудбалска федерација потврди дека во несреќата нема други повредени.

– Бугарскиот национален тим доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот, возачот на еден од двата автобуси, со кои се превезуваа играчите, загуби контрола врз воланот, предизвикувајќи како резултат на тоа тешка несреќа. Неделев е пренесен во локалната болница, а другите членови на тимот се чувствуваат добро, се наведува во официјалното соопштение.

Поврзани новости