Зеленски не сакал да ги слушне предупредувањата на Бајден за руска инвазија

by fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не сакаше да ги слушне предупредувањата на САД пред руската инвазија на неговата земја, изјави во петокот американскиот претседател, Џо Бајден.

-Ништо вакво не се случило од Втората светска војна и многумина мислеа дека претерувам кога зборував за рускиот напад врз Украина пред да започне. Но, знаев дека имаме информации во тој поглед. Путин ќе ја премине границата. Немаше сомнеж, но Зеленски не сакаше да слушне, рече Бајден на приемот во Лос Анџелес, на кој се собираа средства за Демократската партија.

Соединетите Држави почнаа да предупредуваат за подготовките за инвазија на Украина многу пред рускиот претседател да објави „специјална операција“ на 24 февруари. Овие предупредувања предизвикаа неверување, па дури и критики од некои европски сојузници, кои во тоа време мислеа дека САД претеруваат.

Поврзани новости