Бугарски медиуми: За 10 години 65.675 Македонци извадиле бугарско државјанство

by fokus

Во последните 10 години, од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020 година, вкупно 77.829 државјани на Република Северна Македонија поднеле барање за добивање на бугарско државјанство, пренесува бугарските медиуми.

Речиси сите, или конкретно, 77.726, биле засновани дека барателите имаат бугарско потекло. Во истиот период, процедурата ја завршиле и им издаде бугарско државјанство на 65.675 Македонци.

Овие податоци ги објавила бугарската министерка за правда, Десислава Ахладова, на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство.

Гаџев, пренесува бугарски „Дневник“, го поставил прашањето коментирајќи во насока дека додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, кое ги прави граѓани и на ЕУ, во Северна Македонија се води недопустлива политика против Бугарија.

Поврзани новости