Бугарски медиуми: Екипа на бугарска телевизија била каменувана во Србија

by Fokus

Екипа за истражувачко новинарство на „БНТ“ била нападната во Србија, изјавилa водителката на емисијата Богдана Лазарова, пренесуваат медиумите во Бугарија.

Агресијата се случила во периодот од 14.30 до 15.00 часот на државниот пат пред рудникот Подвирове во с. Караманица, Босилеградско. Тимот имаше редовна акредитација од Министерството за култура и информирање на Република Србија за снимање на загадувањето на животната средина.

Приближувајќи се кон рудникот на државниот пат, на околу 50 метри од влезот во рудникот, биле запрени од минибус паркиран на коловозот. Тимот и еко-активистите излегле од автомобилите и тргнале кон влезот на рудникот. Во тој момент биле каменувани од околу 6-7 лица.

Еден од камењата удрил во камерата. По луѓето од телевизиската екипа и еко-активистите биле фрлани големи камења со што биле загрозени нивните животи и здравје, пишуваат медиумите. Едно од нападнатите лица се здобило со тупаница во градите а на друго лице кое било нападнато му била искината облеката.

Било контактирано со бугарската амбасада во Белград и со генералниот конзул, а тимот поднел жалба до босилеградската полиција, е наведено во написите.

 

 

 

Поврзани новости