Бугарија се надева дека Македонија ќе влезе во НАТО за време на нивното претседавање со Советот на ЕУ

by Фокус

Бугарија ја поддржува македонската влада и сите институции, граѓанското општество и опозицијата да ја постигнат целта за добивање на покана за членство во ЕУ и за членство во НАТО за време на бугарското претседавање со Советот н ЕУ.

Ова го порача бугарскиот амбасадор во земјава Иван Великов Петков, на денешната парламентарна комисија за Европски прашања, на која тој ја презентира програмата и приоритетите за работа на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во наредните 6 месеци.

– Тоа е можно врз база на реалниот успех во спроведување на пакетот на неодложните реформи во приоритетните области и со решавањето на отворените прашања во согласност со договорот од Пржино и препораките на Прибе – истакна Великов Петков.

Тој истакна дека треба да се водат две битки на теренот. Едната, според него, е упатена кон ограничување на потенцијалните закани од надвор кои би можеле да ја дестабилизираат земјата и регионот. И втората, рече тој, е поврзана со неодложното спроведување на реформите преку инклузивност и оптимизиран парламентарен дијалог со учество на опозицијата.

-Ние сакаме јака опозиција, активна во Собранието која што ќе помогне за спроведување на реформите и вклучена во решавањето на спорните прашања кои се клучни за евроинтеграциите на земјата. Двете се меѓусебно поврзани, ако не успееме во едната борба, се што е постигнато во областа на реформите ќе пропадне и земјата ќе биде во опасност да влезе во сериозна стагнација – рече Петков.

Поврзани новости