547
Бугарските власти објавија дека почнуваат со поширок опфат на граѓани кои ќе бидат тестирани за коронавирус.
„Досега ги следевме и тестиравме луѓето за кои имаше сомненија, односни имаа симптоми. Отсега па натаму започнуваме со масовно тестирање на граѓаните. Имаме 20 илјади PCR-тестови. Тоа е сега патот по кој ќе се движиме“, – соопшти бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.