608
Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.
„Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави премиерот на Бугарија“ Стефан Јанев.