Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика денес Европската унија финансиски да ја поддржи Македонија во увозот на струја од Бугарија која е главен извозник на електрична енергија и е подготвена да го зголеми својот извоз во Македонија во согласност со нормите на европскиот пазар и интересите на бугарските граѓани.
-Разговаравме дека ЕУ треба финансиски да ја поддржи Македонија за да се избегне ликвидносна криза во снабдувањето, изјави шефот на бугарската држава. Тој рече дека вчерашните разговори поминале во атмосфера на меѓусебно почитување и пријателство, рече Радев, повторувајќи ги неговите зборови од вчера пред македонскиот претседател Стево Пендаровски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
-Важно е да се разбере во Македонија дека имплементацијата на билатералните обврски мора да продолжи наскоро, тоа е гаранција за европската интеграција на земјата, додаде Радев и потсети дека преговорите сѐ уште не се започнати и нема да започнат сѐддодека во Скопје нема да се смени Уставот.
-Мораме да ги решиме сите прашања кои се одложуваат со години. Разговорот за нашата заедничка историја е неизбежен и се надевам дека државниците ќе покажат политичка мудрост и ќе водат политика ослободена од идеологиите на минатото, нагласи Радев.