572
Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на Игор Спасов, соопштуваат од Министерството за правда.
– По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, стои во соопштението од Министерството за правда.
Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ.