Бугарија има обврска да не се меша во македонскиот јазик, дециден е Димитров

by Fokus

На новинарско прашање во однос на малцинствата, поранешниот вицепремиер Никола Димитров во Топ Тема меѓу другото се осврна на Советот на Европа и сме, како што рече, договорна страна на Европската конвенција за човекови права и тоа што се прави таму, подвлече, во однос на пресудите пример што ги има изгубено Бугарија од сопствени граѓани, не може да биде дел од договорот не мешање во внатрешните работи.

– Мојот став, една од позициите за кои се залагав, градејќи ги државните позиции изминатите години кон Бугарија беше Стразбур не можеме да го поклопиме со немешање во внатрешни работи. Проблемот што овде посебно пречи, е двојниот аршин. И Бугарија има обврска да не се меша во внатрешните работи, не само околу малцинското прашање, нема повнатрешно прашање од прашањето на македонскиот јазик. Тоа е кршење на Договорот за пријателство, во тој дел. Или пак тврдењето во едно од документите за етнички инженеринг, тоа е навредливо и директно мешање во внатрешни работи, појаснуваше Димитров.

Поврзани новости