573
Бугарското Министерството за одбрана денеска му донираше сто заштитни одела и маски за повеќекратна употреба на македонското Министерство за одбрана.
-Заштитната облека може да се користи до 50 пати, што значи до 5 000 работни дена за медицинските лица во првите борбени линии. Илија Налбатанов, началникот на кабинетот на бугарскиот министер за одбрана, ја врачи донацијата на високи претставници од Министерството за одбрана на Северна Македонија, денеска напладне на граничниот премин ‘Деве Баир’, соопштија од бугарската амбасада.
Оттаму додаваат дека оваа донација е почеток на претстојните донации од Бугарија за Македонија, како знак на блискоста на двете држави и на европската и евроатлантска солидарност.