312
Бугарија го отвори небото за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров доколку тој одлучи да присуствува на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје, изјави за новинската агенција ТАСС руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
-Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров преку воздушниот простор на Бугарија. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално не информираше дека нашиот министер може да лета во воздушниот простор на земјата – вели Митрофанова.
Рускиот министер Лавров изјави дека ќе учествува на состанокот на ОБСЕ во Северна Македонија доколку Бугарија ја промени одлуката.