Будимпешта, домаќин на Светско првенство во атлетика во 2023 година

by fokus

Будимпешта ќе биде домаќин на Светското првенство во атлетика во 2023 година, објавено е на официјалниот Твитер на ИААФ.

Оваа одлука беше донесена на состанокот на одборот на организацијата.

Будимпешта во 1998 година беше домаќин на Европското првенство, а во 2004 година, на Светското првенство во затворено.

Во 2019 година, Светското првенство ќе се одржи во Доха, Катар, а во 2021 – во американскиот Јуџин.

Поврзани новости