816
Буџетот за следната 2020 година ќе тежи 4,46 милијарди евра, ако се има во предвид предлогот разгледуван на владината седница во вторникот, објави Телма.
Сепак, се уште е неизвесно дали буџетот ќе остане проектиран на оваа сума или ќе претрпи измени.
Она што е сигурно, како што изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП.