364
Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска, на влегување во Европскиот совет во Брисел изрази надеж дека бугарските пратеници ќе се обединат околу изборот на претседател на 48. Народно собрание, јави БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев е зачуден што на самиот почеток на Народното собрание наместо да дава резултати уште од самото свикување, тоа почна со уставна криза.
-Буџетот на Бугарија мора да биде усвоен. Исклучително е важно да бидат усвоени предлог законите што ги подготви техничката Влада за Планот за закрепнување и отпорност, за да можеме од тука да ги бараме траншите според овој план, рече Радев.