На веб-страница на Министерството за финансии се направени промени на структурата, па сега на посетителите лесно достапни ќе им бидат извршувањето на буџетот, како и јавниот долг и долгот на државата.
„За да се подобри транспарентноста и отчетноста на јавните финансии, на официјалната интернет-страница додаден е посебен оддел „Статистика“, во кој лесно достапни се сите поважни информации, како што се: извршувањето на буџетот, јавниот долг и долгот на државата, макроекономски индикатори и статистички прилог. Најважна промена е почнувањето на објавување на податоци кои досега не биле достапни за јавноста. Прв таков податок е извештајот за месечните приходи и расходи на различни буџетски корисници. Со него јавноста секој месец ќе има увид во состојбата кај сите пооделни буџетски корисници – информираат од Министерството за финансии.