Буџаку не е веќе амбасадор во Франција

by Фокус

Со указ од претседателот Ѓорѓе Иванов Агрон Буџаку е разрешен од функцијата амбасадор на Р. Македонија во Франција.

Неговата должност како амбасадор завршува заклучно со 4 декември оваа година.

Тој беше именуван на оваа функција во 2009 година. Претходно Агрон Буџаку беше министер за транспорт и врски.

Буџаку е поранешен висок функционер на ДУИ.

Поврзани новости