Откако се врати од Брисел, денеска во Скопје Иванов прими катарска делегација

by Фокус

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими бизнис делегацијата на Државата Катар, која на покана на македонскиот претседател престојува во неколкудневна посета на Република Македонија.

Целта на посетата е унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Државата Катар, преку реализација на конкретни инвестициони проекти во различни области.

Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има одлични политички односи со Државата Катар и изрази силна поддршка за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Македонскиот претседател  посочи дека  постојат многу неискористени  можности и потенцијали за соработка и дека во периодот кој следи неопходно е да се зајакнат контактите меѓу бизнис заедниците на двете земји, со цел реализирање на конкретни проекти.

Бизнис  делегацијата од Катар изрази особен интерес за областите на земјоделието, производството на храна, енергетиката, телекомуникациите,  градежништвото, инфраструктурата и недвижностите.

Поврзани новости