413
Ние сме декларирани како транзитна земја, па ние не примаме бегалци како Германија или Шведска, меѓутоа спремни сме и да има нов бегалски бран, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Агрон Буџаку, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
-Во овој случај, проблемите што може да настанат, може да настанат од наплив на голем број луѓе, може да се смета и како безбедносен проблем здравствен систем, луѓе може да се разболат, имаат друг имунолошки систем, може за жал да се инфилтрираат, и таа опасност ја имаме предвид, разни терористи или организации. Така што, ние сме спремни и со помош на меѓународната заедница – вели Буџаку.