Бучковски: Захариева на национална телевизија 5 минути зборува за Бачев, па немојте ви се молам

by Фокус

Пранешниот премиер Владо Бучковски смета дека бугарското вето за Македонија е стратешка грешка. Според него нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ. Воедно, тој порачува дека Договорот за добрососедство мора да успее.

-Мора да бидеме трпеливи. Да не ги изгубиме нервите, да нема дополнително говор на омраза, да нема омаловажување, да не се наседнува на провокации. Јас не можам да се изначудам што видов утрово на вашата национална телевизија. Има интервју вашата министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, пет минути одговара на прашање. Единствена Македонија што е минорна партија, апсолутно минорна, не ни крие нејзиниот претседател Јанко Бачев кој е поранешен дел од удбашките структури, кој го вееше знамето на Русија пред македонскиот парламент при усвојувањето на уставните измени и затворањето на прашањето за разликите за името што ги имавме со Грција. Тој Јанко Бачев вчера побарал да бидат персона нонграта Захариева, Каракачанов и европратеникот Ковачев и сега вашиот министер одговара на националната телевизија. Па немојте ви се молам. Мора да покажеме дека сериозно знаеме кој е што. Мене ова ми личи како да е договорена некоја детска игра – јас тебе ќе ти ја шутнам топката, ти мене врати ми ја – вели Бучковски.

Поврзани новости