Заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија не може да биде само бугарска историја. Ако нешто е заедничко, тоа не може да биде само ваше Во исто време, тензиите во последните неколку недели се резултат на грешки на двете страни, а ветото за разговорите со ЕУ ќе биде удар за двете страни, вели поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за бугарски Дневник.
-Иако изгледа како тешка мисија, се надевам дека ќе има разбирање во Софија да не направат кардинална грешка, тоа е историска шанса за Бугарија одново да е третирана како сојузник и најголем пријател, а не како пречка за приближувањето на Северна Македонија кон ЕУ. Очигледно, постојат сили кои немаат корист од тоа Бугарија и Северна Македонија да бидат силен блок на Западен Балкан, туку сакаат да имаат точки на раздор кои се повторуваат. Гледате што се случува на Косово, приказната во Република Српска во Босна и Херцеговина е недовршена. Знаете, во октомври минатата година, кога не добивме датум за почеток на преговори со ЕУ, беа распишани избори. Мислам дека непотребно се доведе во прашање тоа што е направено во последните три години.
Од дадените забелешки, не гледам зошто не можат да се исполнат условите за забрзување на работата на комисијата, немешање во внатрешните работи за таканареченото македонско малцинство. Не гледам проблем во гарантирањето дека терминот Северна Македонија не вклучува никакви територијални претензии, ниту пак е проблем јазичната формула што се користи во договорот, таа да е клучна за проблемите околу македонскиот јазик. Ако започнеме со добра волја, а тоа беше намерата во договорот, да создадеме рамка и да дадеме можност да продолжиме да ја градиме довербата што е нарушена во последните 2 недели, вели Бучковски.