Заев: Со дополнителен ангажман, има излезни решенија за македонската интеграција

by Фокус

Премиерот Зоран Заев, на денешната средба со членот на Европскиот парламент и претседавач на заедничкиот парламентарен комитет за соработка меѓу Европската Унија и Македонија Андреас Шајдер, изрази надеж дека постои решение за почеток на преговори на земјата со ЕУ.

„И покрај денешната одлука на Република Бугарија да не даде поддршка за преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, со засилена комуникација и дополнителен ангажман, постојат можности за излезни решенија за да има успех за сите, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија“, рекол Заев.

Поврзани новости