494
Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека случувањата денеска ја разјасниле ситуацијата со датумот за преговори на Македонија.
-Ова што се случува денеска со потврдата дека утре почнува скринингот значи едно: отворање на вратите на ЕУ. Македонија заслужи подобро, но во ситуација кога неколку земји се против проширување, ова е максимумот што можеше да се добие. Македонија во изминативе години често беше колатерална штета, рече Бучковски.