Туск: ЕУ го отвори патот за почнување преговори со Македонија

by fokus

Oва е добра недела за вашата земја и за Западен Балкан, министрите за надворешни работи на ЕУ го отворија патот за отпочнување преговори за членство за Македонија и Албанија во јуни 2019 година и за неколку часа очекувам шефовите на влади да ја потврдат одлуката, изјави денеска прес-конференција претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск со премиерот Зоран Заев.

Рече дека напредокот немало да биде успешен без силниот ангажман на македонската Влада, посочувајќи го постигнатиот Договор за добрососедство со Бугарија и Договорот со Грција за решавање на спорот со името, кои претставуваат пример за другите во регионот како да се решаваат проблемите.

– За време на мојата посета на Скопје ја видов јасно изразената политичка волја да одите напред во евроатлантските интеграции, и оти ќе останете на тој пат да одржите чекор во реформите во клучните области, рече Туск.

Тој се заблагодари на македонските власти за напорите во миграциската криза во 2015 година.

Премиерот Заев, пак, истакна дека денеска во Брисел во срцето на Европа е потврдена големата вест Република Македонија да добие датум за преговори во јуни 2019.

Поврзани новости