Бучковски: СДСМ ме покани на митинг, а јас со задоволство ја прифатив поканата

by fokus

Поранешниот премиер и висок функционер на СДСМ, Владо Бучковски, синоќа присуствуваше на централниот митинг на СДСМ, и тоа во првите редови. На прашањето на „Фокус“ дали во најава е блиска соработка со владејачката партија, Бучковски кусо ни одговори:

-Бев поканет како гостин на Централниот митинг. Со задоволство ја прифатив поканата, изјави Бучковски, за „Фокус“.

Бучковски беше исклучен од СДСМ во 2012 година и во своите јавни настапи тврдеше дека опозицијата нема опција за уривање на власта. Тој беше министер за одбрана, а потоа и премиер од редовите на СДСМ, а ја предводеше партијата на изборите во 2006 година, кога изгуби од ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа Бучковски, заедно со бизнисменот Минчо Јорданов и новинарот, Љупчо Зиков, ја формираа Алијансата за позитивна Македонија (АПМ).

 

Поврзани новости