Јанева: Тоа што Панчевски си го снима сопствениот дом треба да биде предмет на психијатриска опсервација

by fokus

Апсолутно не е одземен клучот од домот на Панчевски!, изјави категорично денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по однос на тврдењата дека за време на претресот во неговиот дом, истражителите му го одзеле клучот на поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје.

-Тоа што Владимир Панчевски си го снимал својот стан, треба да биде предмет на психијатриска опсервација – рече Јанева по повод објавувањето на снимка од видео надзорот во станот на судијата.

Таа додаде дека крим-полицијата паралелно го снимала претресот во судот и во станот на Панчевски.

-Во моментот кога ние имавме наредба од суд да извршиме претрес, во станот на Панчевски, немаше никаква потреба да земаме такви работи. Ние можевме да земеме се што е предмет на наредбата и се е одзмено со записник за претрес и тоа и го направивме – рече Јанева.

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство посочи дека претресот е направен со цел да се провери дали Панчевски ја злоупотребил својата службена положба и овластување и дека е извршен максимално професионално.

Според неофицијални информации Панчевски е осомничен за три кривични дела: оддавање на службена тајна, злоупотреба на службената положба и овластување и помагање во извршување на кривично дело. Предистражната постапка на СЈО треба да покаже дали Панчевски го злоупотребувал системот за распределба на предмети АКМИС, односно дали местел предмети кај политички подобни судии.

Поврзани новости