Акцискиот план е усогласен 99 отсто и дава надеж дека можеме во овие неколку следни седмици да ја имаме таа меѓувладина конференција која ќе биде многу битна во подготовката на поповолна атмосфера пред разговорите за кои не крие нашиот премиер дека посакуваме да се случат во мај или јуни, по промовирањето на новата бугарска влада, вели специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.
-Идејата што сега ја промовираше нашето МНР, а го прифати бугарското МНР со одговорот на нашиот акциски план е да имаме еден заеднички документ кој би го усвоиле на заедничката владина конференција која ние претендирамве да се одржи што е можно побрзо. Од друга страна, треба да имаме предвид дека на 5 март почнува кампањата за бугарските избори. Така што, она што го вели министерот Османи дека 99 отсто е усогласен акцискиот план дава надеж дека можеме во овие неколку следни седмици да ја имаме таа меѓувладина конференција која ќе биде многу битна во подготовката на поповолна атмосфера пред оние разговори за кои не крие нашиот премиер дека посакуваме да се случат во мај или јуни по промовирањето на новата бугарска влада, вели Бучковски во разговор за „360 степени“ запрашан дали е можен исчекор во односите меѓу двете земји пред парламентарните избори во Бугарија и што би бил тој .