524
Поранешниот премиер Владо Бучковски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека во судирот меѓу САД и Русија, Македонија морала да заземе страна.
-Во овој голем судир меѓу двете велесили, малите држави како Македонија немаат многу простор да бидат неутрални. Овој потег беше единствено логично решение, имајќи предвид дека преговорите со Грција се интензивираат, а Македонија цели кон ЕУ и НАТО. Денеска прес конфереција на рускиот амбасадор не е соодветна за велесила како Русија, беше под секое ниво и беше непристојна кон земјата домаќин, рече Бучковски.